еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Пендаровски од Загреб: Добрата вест е што португалското претседателство заврши

За Република Словенија немојте да имате никакви дилеми. Словенија не е Португалија. Словенија е еден од најдобрите адвокати за влезот на целиот Западен Балкан во ЕУ. Словенија има искуство со регионот. Словенија најдобро го знае регионот, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во Загреб, одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хрватскиот претседател Милановиќ: Македонија и Албанија на „безобразен начин“ се држат пред вратата на ЕУ

– Во однос на словенечката Влада која оперативно ќе го води претседавањето во следните шест месеци немаме апсолутно никакви дилеми дека ќе направи најдобро што може, што е во нивна компетенција.

Меѓутоа, зборувајќи за претседавачите на ЕУ, лавовскиот дел од работата е меѓу Скопје и Софија во нашите директни преговори. Немам никакви сомнежи и контроверзии дека Словенците во однос на ова прашање – интеграцијата за Западниот Балкан, ќе бидат одлични претседавачи, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалија измисли „северномакедонски“ јазик, и тој потекнува од бугарскиот

(АУДИО) Португалската министерка Закаријаш рекла „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“

Во однос на изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш дека „јазикот на Северна Македонија, некогаш бил дел од бугарскиот јазик“, Пендаровски оцени дека тоа е длабоко погрешна изјава која ги поткопала сите напори кои нејзиниот колега од истата влада ги правел месеци наназад.

– Добрата вест е што португалското претседателство заврши, јас се надевам дека нашите пријатели од Република Словенија кои го преземаат кормилото на Европската Унија, следните шест месеци, ќе продолжат долж истата патека со полно уважување на виталните национални државни интереси на двете страни, инаку поинаку не може да се дојде до договор, рече Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу раздвојувањето на европскиот пат на Северна Македонија и Албанија, Пендаровски нагласи дека одењето напред или назад во „пакет“ или замрзнувањето на интеграциите во „пакет“ не му се допаѓа.

– Не моижам да видам ситуација во која ние во Скопје би имале морално право да кажеме „немојте да ја примате Албанија или немојте да почнувате разговори со Албанија, затоа што треба заеднички да одиме“. Не постои, ниту ќе има примедба од Скопје за напредокот на Албанија кон ЕУ во ситуација кога очигледно поради еден билатерален спор сме замрзнати во оваа ситуација, рече Пендаровски.

Хрватскиот претседател Милановиќ од своја страна оцени дека Северна Македонија и Албанија на „безобразен начин“ се држат пред вратата на Унијата.

– Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите што поскоро и тоа нема да биде лесно. Ваквите пораки кои се испраќаат се обесхрабрувачки, дури и дискриминирачки, смета Милановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како хрватскиот претседател Милановиќ го пречека македонскиот колега Пендаровски

МИА/Фот/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и 13-годишно девојче: Најмалку шест лица загинаа во земјотресот во Хрватска

Редакција

Детален преглед: Објавени имињата на 138 граѓани кои одбиле да примат решенија за самоизолација

Редакција

БИМ Свети Николе ги објави платите на менаџментот

Редакција