еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Аудио) Објавена снимка во која Џафери вика и пцуе по вработени во Собрание, ВМРО ДПМНЕ бара оставка

На социјалните мрежи се појави аудио снимка во која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој вика и пцуе, наводно по вработени во Собранието, а наводно истата е направена во македонскиот Парламент.

 

-Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е.авате мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!, извикува меѓудругото Џафери во снимката, а користи и пцовки и навреди.

Со реакција за снимката се јавија од ВМРО ДПМНЕ.

-Непријатно сме изненадени од примитивизмот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцовки ги малтретира вработените во Собранието.

Односот на Џафери кој може да се слушне во видеоматеријалот е скандалозен, примитивен и целосно недозволив.

Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници, се наведува во реакцијата на партијата.

Според партијата, Џафери е пример за политичар кој треба да биде минато.

-Оваа аудиоснимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени избори час поскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски, Вучиќ и Рама на „Винска визија на Отворен Балкан“ на Саемот за вино во Верона

Редакција

(Видео) Во акција на македонската и бугарската полиција откриена импровизирана лабараторија за синтетички дроги

Редакција

Убава вест: Оздравени 73 болни од Ковид-19

Редакција