еМагазин
Image default
Бизнис

Аутомакедонија лани повеќе од трикратно ја зголемила добивката

Аутомакедонија АД Скопје во периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка во износ од 13,7 милиони денари, што претставува повеќе од трикратно зголемување во однос на 2020 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Зголемувањето на нето добивката во 2021 година, покрај дуплираните финансиски приходи од вложувања (12 милиони денари во 2021 во однос на 5,5 милиони денари во 2020), се должи и на зголемената оперативна добивка за 34%.

Истата е резултат на намалување на оперативните трошоци (без плати и амортизација) за 26%.

Билансот на состојба бележи оптимизација преку зголемена наплата и намалување на побарувањата од купувачи за 23%, како и намалување/ефектуирање на залихите за 14% во 2021 година.

Обврските за кредити (краткорочни и долгорочни) се намалени за 35% или 83 милиони денари и обврските кон добавувачи се намалени за 45%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аутомакедонија со зголемена добивка од 31%

Аутомакедонија со зголемена добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Се нудат „БМВ“, камиони, деловен простор, машини…

Редакција

Продолжуваат позитивните резултати на Реплек АД – раст на приходите во сегментот фармација од 32% во првата половина на годината

Редакција

Ги повикуваме пратениците на разум, не смее да се дозволи 72 часа работно време, апелираат од ССМ

Редакција