Аутомакедонија АД Скопје во периодот 01.01.2022 – 31.12.2022 година оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка во износ од 25 милиони денари, што е за 79% поголема во однос на 2021 година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
-Зголемувањето на нето добивката во 2022 година, покрај зголемените финансиски приходи од вложувања (18 милиони денари во 2022 во однос на 12 милиони денари во 2021), се должи и на зголемената оперативна добивка за 45%.
Истата е резултат на намалување на оперативните трошоци за 5%, како и намалени оперативни приходи за 4%, но со зголемена бруто маржа од редовно работење за 8% во 2022 во однос на 2021 година.
Билансот на состојба бележи оптимизација преку структурно поставување и сегментирање на залихата, зголемена за 37% во најголем дел како фокус на сегментот стопански возила, велат од Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аутомакедонија со зголемена добивка во првите девет месеци
Дирекција за заштита и спасување склучи договор со Аутомакедонија вреден 691,4 илјади евра