еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март

Претставник на Царинска управа е поканет и ќе присуствува на следното рочиште за предметот „Беса Транс“ закажано за 31.03.2023 година, одговорија од Царинската права на прашање на МИА зошто на вчерашното рочиште, по трет пат, не се појави нивен претставник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за „Беса Транс“ одложено, преставник на Царината не дојде по трет пат

Како што стои во одговорот од Царинска Управа, овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа вчера биле присутни на две други рочишта.

– Ве информираме дека овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа, денеска беа присутни на две рочишта во Основниот кривичен суд во Виница, во својство на подносител на прекршочно барање, како и на јавна расправа пред Управниот суд во Скопје застапувајќи три управни спорови, во својство на тужен орган кој ги донел оспорените управни акти, каде присуството на Царинската управа во овие постапки во својство на странка е задолжително, стои во одговорот.

Од таму дополнуваат дека Царинска управа во предметот „Беса Транс“ не е странка во постапката, поради што отсуството на нејзин претставник во оваа фаза од постапката, според нив, не е причина за одложување на вчерашното рочиште, иако, претходното насрочено рочиште, на 2 февруари, се одложи токму поради оваа причина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Редакција

Судење „Монструм“: Сите повреди на жртвите кај Смилковско езеро биле нанесени додека биле живи

Редакција

Разрешен директорот на Службен весник, Владимир Кроневски

Редакција