еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

АВАЈА ги артикулира буџетските барања на граѓаните кон локалните власти

Граѓанското движење на Ромите – АВАЈА, во изминатиов период, ја консултираше ромската заедница при дефинирање на локалните приоритети за вклучување на нивните потреби во локалните буџети за 2021 година.

Тим лидерите на оваа иницијатива, која има цел да ги артикулира потребите на заедницата и да ги застапува решенијата кои се во насока на подобрување на положбата на Ромите пред сите засегнати страни, спроведоа и Петиција при што од 12 општини се собраа околу 2.500 потписи за да ги поддржат предлозите на граѓанското движење АВАЈА за вклучување во буџетот на општината за подобрување на положбата на ромската заедница.

Предлозите беа доставени до општините и советите на општините при што јавноста ќе биде информирана за секој доставен предлог. Предлозите до локалните самоуправи се разликуваат. Во дел од општините предлозите се однесуваат во делот на инфраструктура, на пример донесување детални урбанистички планови за ромските населби, изградба на водоводни и канализациони мрежи, асфалтирање на локални патишта, поставување на сообраќајна сигнализација, улично осветлување.

Во некои од општините, исто така, беа доставени и предлози за ослободување од комунални такси на пазарџиите, вработување на Роми како референти во локалната самоуправа, изградба на детски игралишта во ромските населби, чистење на атмосферски канал и слично.

Со оглед на тоа дека општините имаат донесено и Локални Акциони Планови за Роми очекуваме дека ќе ги вклучат овие предлози како приоритети во локалниот буџет за 2021. Имајќи предвид дека идната година се предвидени и локални избори, каде што ромскиот глас во голем број случаи се покажало дека е пресуден во изборот на градоначалник, очекуваме дека овие предлози ќе бидат поставени како приоритет за решавање на проблемите на Ромите на локално ниво.

Сметаме дека ваквиот пристап на АВАЈА ќе ја зајакне локалната демократија, а со тоа учеството на ромската заедница на локално ниво. Притоа, општините имаа должност сериозно да ги разгледаат предлозите кои ќе им бидат доставени и да ги вметнат во предлог буџетите за следната година. АВАЈА, тим лидерите и локалните структури им стојат на располагање на општините за дополнителни прашања, сугестии и идеи. Воедно, Ромалитико и АВАЈА ќе продолжат да ја следат работата на општините во секој сегмент.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Современи бајки од Македонија“: Отворен повик за дизајнери и илустратори

Редакција

И Макпрогрес ќе им даде дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно

Редакција

Агенцијата за поддршка на претприемништвото со јавен повик за менторски услуги

Редакција