еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претреси во Виница: Разбиена група која незаконски продавала „брзи“ тестови за Ковид-19

На 11.11.2020, по добиени сознанија дека лица од Виница, вршеле незаконска продажба на несоодветни  брзи тестови за детекција на вирусот Ковид-19, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Виница извршија оперативни проверки, соопшти МВР.

При тоа е дојдено до сознанија дека лицата: В.П.(35) и М.А. (46) двајцата од Виница, заедно со правно лице од Виница нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови во врска со коронавирусот.

„Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело – „незаконито земање и користење на генетски и биолошки материјал“ казниво по чл.210-а од Кривичниот законик, со наредба од Јавен обвинител, бил извршен претрес во дом и други простории, при што во домот на В.П.пронајдени се седум кеси со натпис „Ковид Чек ТМ“ и едно шише од 2мл со течност со натпис „Буфер“, кои се одземени.

До надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок, а и во наредниот период се преземаат мерки во врска со ваквите случаи.

Апелираме до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами, а МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница. Само така заеднички ќе придонесеме за справување со коронавирусот“, соопшти МВР.

Фото:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија+Видео) Летна колекција на SuperDry: Summer or Nothing

Редакција

(Видео) Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Редакција

Германското МНР ги предупредува своите граѓани за заканите со бомби при патување во Македонија

Редакција