Судот во Мелбурн пресуди во корист на Новак Ѓоковиќ, ја поништи одлуката за укинување на визата и донесе одлука за ослободување од имиграциониот притвор.
Судот исто така ѝ нареди на австралиската Влада да ги плати трошоците и во рок од 30 минути да му ги врати пасошот и личните работи.
Но, оваа делумна победа на Ѓоковиќ не значи дека тој ќе остане во Австралија и ќе ја брани титулата, бидејќи министерот за имиграција Алекс Хок има исклучителни овластувања и дискреција да поништува визи од кои било причини.
Вчера во Париз се одржаа протести против вакцинацијата, на кои, меѓудругото беше изразена исклучителна поддршка за Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се играше и оро: Протести пред хотелот во Мелбурн во кој во карантин е Ѓоковиќ
Фото: АТП
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.