еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Невакцинираните Грци на свој трошок ќе се тестираат за Ковид-19 најмалку еднаш неделно

Рамката и начинот на кој ќе функционираат економијата и општеството во Грција во следниот период и рестрикциите кои се чини дека ќе важат само за невакцинираните, грчката Влада ќе ги соопшти во текот на следната седмица, веројатно во вторник како што откри владиниот портпарол Јанис Иконому, говорејќи за телевизијата „Скај“.

– На оние кои се вакцинирани ќе им се даде можноста да имаат поголема удобност во движењата, поголеми можности и опции. За останатите, ќе постојат одредени места за тестирање, што ќе биде на сопствен трошок.

На пример, од вработените во јавниот и во приватниот сектор, кои не се вакцинирани, ќе се бара да вршат лабораториски тестови на сопствен трошок по фиксна цена. Но, повторувам, за жал, на нивен трошок еднаш или двапати седмично од септември, па натаму, објасни Иконому.

Тој го повтори она што неодамна го истакна и грчкиот премиер, дека во никој случај економијата нема да се затвори и нема да постои локдаун како оние од изминатиот период, а додаде дека ќе постојат низа мерки за заштита од ширењето на вирусот, кои пред сè ќе се однесуваат на затворените простори, но ќе бидат земени предвид и одредени критериуми.

Како пример спомена дека мерки може да се воведат во просторите за забава и во угостителските објекти, но не може на граѓаните да им се одземе правото да пазаруваат, да се снабдат со леб, млеко или лекови.

Паралелно, Иконому ја остави отворена можноста одново да биде воведено задолжителното носење маска на отворено, доколку тоа го препорачаат експертите.

– Со температури од 40 степени, очигледно не е лесно да се носи маската. Но, се движиме кон период со пониски температури, кога луѓето се враќаат од одмори, ќе има повеќе метеж и раздвиженост надвор.

Тоа е мерка што функционираше и што треба одново да се разгледа во следниот период. Секако, експертите ќе излезат со став за конкретната тема, рече портпаролот на грчката Влада.

Согласно актуелните мерки во Грција, маската е задолжителна само во затворените простори, додека пак внатрешните делови на угостителските објекти и сите ноќни клубови, без разлика дали се на отворено или на затворено, работат само за вакцинирани или лица кои прележале Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Може ли да Ве избркат од работа ако не сте вакциниран?

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 435 болни од Ковид-19

Редакција

Нуркачите од „Акватек“ го чистеа Охридското Езеро од пластика

Редакција

(Фото) Стигнаа 200.000 кинески вакцини, Армијата помогна во нивно растоварување

Редакција