еМагазин
Image default
Македонија

ПЦР тестирање и вакцини, без карантин, за бегалците од Авганистан

Разработен е протокол и препораки, кои предвидуваат ПЦР тестирање и здравствена помош, доколку е потребна за групата авганистански граѓани кои треба да пристигнат во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Карантин за овие лица нема да има, рече Филипче, бидејќи се предвидува ПЦР тестирање и проверка дали се вакцинирани.

– Ние не знаеме каква е точно таму ситуацијата и затоа да им се пружи здравствена помош доколку е потребна. Ќе стигнат жени и деца. Ќе дојдат гениколошки и педијатриски тимови, матични лекари за сите да видиме дали евентуално е потребна лекарска помош.

На сите ќе се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните од тие што ќе дојдат, ден или два по тестирањето ќе бидат вакцинирани. Тоа ќе се спроведе на местата, односно хотелите, каде што ќе бидат сместени, изјави Филипче.

Владата најави прифаќање на околу 650 граѓани од Авганистан – вработени и нивните жени и деца во хуманитарните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка на НАТО силите во Авганистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката повторно порасна: Македонија ќе прими 650 цивили од Авганистан

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра

Редакција

Предлог-амандманите поминаа на Комисија, Села и Беса бараа да се тргне „македонско“ од државјанството

Редакција

Советот на јавни обвинители едногласно ја отфрли жалбата на Русковска за суспензијата

Редакција