Михаел Мартенс, авторот на интервјуто со бугарскиот премиер Бојко Борисов за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунт (ФАЦ), по објавувањето на истото, на својот Твитер профил напиша дека Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците.
With a smart policy, 🇧🇬 since 1991 was best positioned to make 🇲🇰 & the Macedonians their closest neighbor & ally. Instead, 🇧🇬now does everything to alienate this potential ally by patronizing & humiliating it. A sure way to lose friends.
— Michael Martens (@Andric1961) November 29, 2020
„Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели.
Наместо тоа, Бугарија сега прави сѐ за да се оттуѓи од својот потенцијален сојузник со покровителство и понижување. Тоа е сигурен пат да ги загуби пријателите“, напиша Мартенс, кој е долгогодишен дописник од регионот за германски весник ФАЦ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов тврди дека фотографиите од неговата спална соба ги направила жена, која ја нарече Мата Хари
Борисов за германски ФАЦ: Македонците се насилно преобратени Бугари
Фото: ФАЦ