еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Борисов тврди дека фотографиите од неговата спална соба ги направила жена, која ја нарече Мата Хари

Во интервјуто за германскиот весник ФАЦ, бугарскиот премиер Бојко Борисов, открива и кој според него стои позади фотографиите од неговата спална соба, кои завршија во бугарските медиуми, а на кои се гледаше пиштол, снопчиња пари, злато, а тој беше полугол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото/видео) Борисов снимен во спална, а покрај него пиштол, евра и злато

(Фото) Смеење до солзи: Демонстрант на протестите во Бугарија легна во „позата“ на Борисов со пари и пиштол околу него

„Фотографијата е направена во владината вила каде што живеам. Јас сум разведен долго време и живеам сам. Дали имам љубовен живот? Секако дека имам. Ако луѓето ги интересира можам да го кажам тоа: јас сум човек со човечки потреби.

А, како може да бидеш тивок. Работата е во тоа што никогаш сите овие години, кога ме посетуваше дама, чуварите не ги пребаруваа и проверуваа нивните чанти„, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците

Борисов за германски ФАЦ: Македонците се насилно преобратени Бугари

На прашањето на новинарот дали тоа е неверојатно непромислено, Борисов одговара:

“Веројатно беше несовесно. Веројатно затоа сторителите имаа лесна задача. Убава дама лесно може да ја надигра мојата одбрана. Така, моите непријатели го прошверцуваа златото и сноповите пари во мојата куќа. Ме фотографираа кога спиев и во друг момент го фотографираа мојот шкаф покрај креветот, со пари и злато.

Има видео запис што ги разоткрива сторителите: може да видите како некој поминува низ мојата куќа. Прикажана е бањата, соблекувалната и конечно мојата спална соба. Постојат неколку шкафови, но лицето кое го снимало видеото оди намерно кон ноќниот ормар и извлекува фиока, каде што потоа може да се видат пари и златни шипки“.

На прашањето дали жената со која имал врска се „прошверцувала“ во неговата куќа, Борисов одговара:

“Погледнете ја дамскава торба. Има доволно простор за транспорт на помали златни шипки и пакети пари. И тогаш дамата ми се јавува и ми вели: „Дали доаѓаш? Те чекам“. И јас ѝ велам: „Чекај, сè уште сум на интервју, ќе бидам таму за 15 минути“.

Стражарот има упатства да ја пушти во мојата куќа, а таа знае дека има 15 минути во кои е непопречена таму. Потоа ми става пари и злато во фиоката, излегува, почнува да снима на нејзиниот мобилен телефон и се враќа во мојата спална соба. Како Мата Хари“.

На прашањето дали продолжуваат да го посетуваат дами со непроверени чанти, тој одговара:

“Не сакам веќе да видам жена. Видете, јас сум успешен политичар, но мојот приватен живот е неуспешен. Работам 20 часа на ден, целото мое време е исполнето со работа, додека непријателите се обидуваат да ми прикачат скандали.

Што сѐ не се случи: Се тврди дека поседувам куќа во Барселона, имот во Лос Анџелес или на грчки остров, каде што, наводно, дури и сум убил манекенка. Ако луѓето погледнат подетално, никогаш не останува ништо од овие обвинувања. Важно е да се знае дека во Бугарија веќе подолго време постои црн пазар за компромитации„ и на оваа тема додава:

„И покрај сè, морам да им се восхитувам на сторителите во овој случај за тоа колку фино го изведоа ова. Не зборувам случајно за методите на КГБ. Некои од моите противници кои работат за претседателот Румен Радев се поранешни тајни агенти, луѓе од опкружувањето или деца на големи шпиони и офицери на руската воена разузнавачка служба.

И, основно правило на ваквите услуги е дека ако вашиот целен објект се смета за искрен, мора да создадете спротивен впечаток. Ако некој е познат како чесен полицаец, претставете го како корумпиран. Ако живее скромно, покажете го со пари и злато, со чоканчиња и пијалаци.

И, ако ги погледнете фотографиите и видеото од мојата куќа, ќе признаете: живеам во скромни услови. Речиси како во касарна. Покрај тоа, на кратко во видеото можете да видите дека има сеф во просторијата пред мојата спална соба. Цврсто е монтиран таму, уште од старо време. Па, ако некој собирал пари и злато дома, дали навистина би ги ставил во фиоката покрај креветот, а не во сефот?“, вели во интервјуто Борисов.

Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репортери без граници: Во 2020 година убиени се 50 новинари, повеќето во држави што не се во војна

Редакција

Денеска сончево и многу топло, температура до 39 степени

Редакција

Во ноември 89% од потрошената струја е од домашни извори

Редакција