еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Азески: Вечерва средба со премиерот за цената на струјата, ако Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.

-Во Комората во овој момент 1.000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме.

Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација.

Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените, изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата.

-Побаравме енергично Владата да помогне и да се произнесе по ова прашање. Вечерва имаме средба со премиерот, а вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде Комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа средба со премиерот веројатно ќе одржи за десетина дена, истакна Азески.

Според него, искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство.

-Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените, рече Азески.

МИА/Фото: СКМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисмените од Косово и Македонија бараат да се укинат ковид-тестовите помеѓу двете држави

Редакција

(Фото) Информирајте се правилно: Митови и вистини за корона вирусот

Редакција

Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

Редакција