Поголем број од банките што котираат на Македонската берза ја зголемија добивката и покрај пандемијата од Ковид-19 и економската криза што следуваше поради мерките за спречување на ширење на заразата.
Само три од вкупно осум банки имаат намалување на добивката во периодот јануари-септември, годинава, но нивниот ќар е сепак огромен.
БАНКИ СО ЗГОЛЕМЕНА ДОБИВКА ЗАКЛУЧНО СО СЕПТЕМВРИ
Комерцијална Банка АД Скопје во периодот јануари-септември оствари добивка од 1.310.650.000 денари, што е зголемување за 0,77 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 1.300.588.000 денари.
Охридска Банка АД Скопје има добивка од 457.548.000, што е зголемување од 18,67 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесувала 385.575.000 денари.
Стопанска банка АД Битола има добивка од 82.353.000 денари, што е зголемување за 10.567 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката на банката изнесувала 772.000 денари.
УНИ Банка АД Скопје оствари добивка од 238.083.000 денари, што е зголемување за 47,07 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката на банката изнесувала 161.889.000 денари.
Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка од 13.946.000 денари, што е двојно зголемување во однос на истиот период минатата година кога банката имала загуба од 6.001.000 денари.
НАМАЛЕН, НО ЗНАЧИТЕЛЕН ПРОФИТ
Стопанска банка АД Скопје во периодот јануари-септември оствари добивка од 1.422.078.000 денари што е намалување за 17,81 отсто во однос на истиот период минатата година, кога добивката на банката изнесувала 1.730.218.000 денари.
НЛБ Банка АД Скопје оствари добивка од 1.265.413.000 денари, што е намалување од 13,07 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката изнесувала 1.455.738.000 денари.
ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 65.520.301 денари, што е намалување за 28,33 отсто во однос на 91.421.542 денари, колку што изнесувала добивката на банката во истиот период минатата година.