еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП со раст од 2,3% во четвртиот квартал лани

Бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2021 година порасна за 2,3 проценти, а како што информира Државниот завод за статистика, во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,7 проценти, додека увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2021 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2 отсто; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3; како и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3,1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 62,5 отсто.

Растот на БДП во првиот квартал од минатата година изнесуваше 1,9 проценти, во вториот 13,1 процент, а во третиот три проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фајненшл Тајмс“: На Северна Македонија и е неопходен попис на населението

Редакција

Јован Митрески ќе го замени Талат Џафери

Редакција

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Берово, Гази Баба, Могила, Неготино и Ранковце

Редакција