еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бектеши се сретна со г.г. Стефан: Поддршка од верските заедници за да се поттикнат граѓаните да штедат струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствaрил средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан.

На средбата се разговарало за енергетската криза која што ја зафати не само Македонија, туку и цела Европа, како и за мерките кои ги превзема Владата со цел полесно справување.

Министерот Бектеши го информирал поглаварот на МПЦ за мерките и препораките на Владата за штедење на електрична енергија за институциите, домаќинствата и за бизнисот.

„Ситуацијата со енергетската криза со која се соочуваме е сериозна и апелираме до сите граѓани да придонесат секој на свој начин полесно да го пребродиме периодот кој што следи.

За нас е важна поддршката од верските заедници во државата се со цел да се подигне свеста кај граѓаните во овој тежок период што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со тоа да и помогнеме на државата.

Доколку има недостаток на електрична енергија ќе треба да се купи од надвор по многу повисока цена, а тоа повторно ќе биде на трошок на сите граѓани,“ кажал министерот Бектеши.

„Црквата и досега силно апелира до своите верници да покажат грижа за општото добро во овие трудни времиња, а на наредната седница на Светиот архиерејски синод, која ќе се одржи следната седмица, се очекува да се состави и официјално, јавно соопштение во кое сите свештени лице ќе бидат повикани на локално ниво, во своите парохии, да им укажуваат на верните чеда на МПЦ за насушноста од штедење, зашто само така ќе си помогнеме и себеси, но и на нашата држава во целост,“ рекол Архиепископот Стефан.

Двајцата соговорници се согласиле дека е важно во овој период сите рационално да трошат електрична енергија и упатија порака порака дека во оваа криза сите треба да бидеме свесни и да штедиме. Да не се троши струја непотребно, да го разбереме времето во кое живееме затоа што никој неможе да ни помогне во кризни времиња ако ние самите не си помагаме.

Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој не се јавил на повикот за превозници, ЈСП ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз, велат од Град Скопје

Редакција

Кумановската болница го адаптираше одделението за психијатрија и неврологија во нов Ковид центар

Редакција

Германското МНР ги предупредува своите граѓани за заканите со бомби при патување во Македонија

Редакција