еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат

Од полноќ поевтинуваат бензините од еден денар до денар и половина. Цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 1,50 денари, а за еден денар на Еуросупер БС-98.

За еден денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,361 денари по килограм.

Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 85,5 денари за литар.

Цената на дизелот останува 84,5 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари за литар, а мазутот ќе се продава по цена од 42,171 денар за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка даде „зелено светло“: Зоран Јовановски именуван за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

Околу 16.000 наши државјани живеат во италијанските региони каде има изолација поради коронавирусот

Редакција

еМагазин доби пофалница на конкурсот за најдобри новинарски трудови за Ковид-19 на СЕММ

Редакција