еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79,5, а Еуродизел (Д-Е V) за 80 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 78,5 денари.

Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,36 денари за килограм и ќе биде 40,593 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,395 отсто, кај дизелот има намалување во просек за 1,316, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,914 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,081 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е зголемен за околу 0,386 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра, на терен се уште во фаза на геомеханичките испитувања

Редакција

Каков имот пријавил Христијан Костов, на чие директорско место во „8 Септември“ е именуван Синиша Стојаноски

Редакција

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Редакција