еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат од половина до еден денар

За половина денар поскапуваат еуросупер БС-95, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а еуросупер БС-98 за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, од полноќ еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 60 денари за литар, дизелот по цена од 53,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство 53,50 денари за литар, а новата цена на еуросупер БС-98 ќе биде 62,00 ден/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг со што тој во следните седум дена ќе се продава по цена од 28,287 ден/кг.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на поскапувањето на бензините на светските пазари.

Новите цени на нафтените деривати ќе важат во следните седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спремете повеќе пари ако одите во Грција за првомајските и велигденските празници

Редакција

Поскапе ли рускиот гас во Македонија?

Редакција

Виолета Божиновска повторно купи акции во Гранит

Редакција