еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, а дизел горивата поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 79,5, а на Еуросупер БС-98 – 81,5 денари за литар, додека Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,509 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 1,601 отсто и кај дизелот за 0,766 отсто, како и за 1,005 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на ОРМ: Една третина од компаниите ќе прекинат со работа ако не се намали цената на струјата или не добијат државна помош 

Редакција

Штедачите од „Еуростандард банка“ бараат правда пред Уставниот суд: Да се спречи двоен грабеж на 2.700 граѓани и фирми

Редакција

„Макпетрол“ оствари добивка од 57,8 милиони денари за три месеци

Редакција