еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Беса бара предвремени избори

Централното раководство на Движењето БЕСА вчера го одржа првиот состанок на кој биле избрани партиските органи.

Како што соопштуваат од партијата за потпретседатели се избрани Фатмир Лимани, Блерим Сејдиу и Беса Кадриу, за генерален секретар е избран Абдуш Демири, а за портпарол на партијата Фарук Авдиу.

Како што посочуваат од Беса, на состанокот било разговарано и за политичката состојба во државата и за тоа какви активности треба да се преземат понатаму.

Движењето Беса смета дека предвремените парламентарни избори се вистинската опција, бидејќи како што посочуваат, актуелната власт нема кредибилитет да ја води иднината на државата и дека земјата треба што поскоро да оди на парламентарни избори.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не сакаме да бидеме параван во тендери за гас што фаворизираат една компанија, велат од Макпетрол

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 64 пациенти, а вкупно се лекуваaт 697

Редакција

10 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино

Редакција