Рано утринава врз делови од регионот на Киев се изведуваат нови напади на руските сили врз инфраструктурни објекти, јави шефот на регионалната воена администрација Олексеј Кулеба.
Тој за украинските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за напади со беспилотни летала-камикази и дека спасувачките служби се излезени на терен.
Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Тимошенко изјави дека нападите биле извршени врз витална инфраструктура.
„Уште еден напад со беспилотни летала – камикази врз витални инфраструктурни објекти. Надлежните служби веќе работат на отстранување и документирање на последиците од гранатирањето”, напиша Тимошенко на каналот Телеграм.
МИА/Фото: Твитер/Nexta TV
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.