еМагазин
Image default
Локално

Бесплатни гинеколошки прегледи за жени и текстилни работнички од социјално ранливи групи на граѓани во Штип

Здружението „Гласен Текстилец“- Штип ги информира жените и текстилните работнички од социјално ранливите групи на граѓани дека се обезбедени бесплатни гинеколошки прегледи.

Во соопштението на „Гласен Текстилец“ се наведува дека следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година ги информираат жените и текстилните работнички дека услугите од мобилната гинеколошка амбуланта ќе бидат достапни и во Општина Штип.

Посочуваат дека во мобилната гинеколошка амбуланта, почнувајќи од втората половина на октомври 2022 година ќе се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените и девојките од оваа општина за превенција од рак на грлото на матката и преглед, советување и упатување, со цел унапредување на сексуалното и репродуктвното здравје.

-За бесплатен ПАП тест заинтересираните можат да се пријават на телефонските броеви на Гласен Текстилец. Термините за преглед ќе бидат секој работен ден со почеток од 10 часот (или по договор со заинтересираните пациентки).

Ги повикуваме сите жени и девојки од територијата на oпштина Штип, руралните средини и приградските населбите во општината, кои од втората половина на октомври 2022 година, ќе сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат и да се пријават кај нас на телефонскиот број 075 316 109 за закажување на термин.

Термините ќе започнуваат од 10 до 14 часот (или во договор со пациентките), се вели во соопштението на „Гласен Текстилец“.

Мобилната гинеколошка амбуланта ќе остане во општината неколку недели, додека има интерес кај пациентките. Со работата на мобилната гинеколошка амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.

Прегледите, како и досега, ќе ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и од други установи во државата.

Работата на мобилните гинеколошки амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст, Гласен Текстилец – Штип и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации, кој е носител на проектот и ја обезбеди целокупната медицинска опрема неопходна за функционирање на мобилните амбуланти.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Режисерот Милчо Манчевски му одржа лекција на скопскиот градоначалник Петре Шилегов

Редакција

Конгресот на педијатри со меѓународно учество ќе започне утре во Струмица

Редакција

Пожарникарите се справуваа со пожарот на Скопска Црна Гора

Редакција