еМагазин
Image default
Бизнис

Македонските текстилни компании нудат сеопфатни услуги, велат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија

Делегацијата на германското стопанство во Македонија оваа есен спроведе анкета помеѓу германските инвеститори во земјата.

„Нè радува фактот, бидејќи расте бројот на инвеститорите кои во измината година се одлучија да ги прошират своите производни капацитетите, а посебно сме горди на податокот дека двата најголеми работодавачи во земјата се токму германски компании, компанијата Кромберт и Шуберт која вработува 5.997 лица, а веднаш зад неа на листата е Дрекслермајер со 5.850 вработени.

Германските инвестиции во земјата кои одговорија на оваа анкета вработуваат 20.000 лица и се сметаат за сигурни работодавачи,“ вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

Во однос на платите, 95% од инвеститорите кои одговорија на прашањето поврзано со плати за неквалификуваните работници, исплаќаат дури 40% повисоки плати од задолжителната минимална плата.

„Од анкетираните компании само 15 одговорија на прашањето за висината на нивните досегашни инвестиции во земјата, односно тие досега имаат инвестирано 382 милини евра.

Само 7 компании со нас ги споделија идните планови за инвестирање, тие планираат во периодот кој следи да вложат уште 144 милиони евра во земјата,“ додава Мартенс.

Минатиот месец била спроведена анкета и меѓу текстилните компании во соработка со Gesamtmasche, здружението на германската индустрија за плетење.

„Целта беше да се претстави опсегот на услуги кои ги нуди македонската текстилна индустрија. Во истражувањето учествуваа 14 текстилни компании од Македонија.

Резултатот од истражувањето покажува дека текстилните компании нудат услуги кои ги опфаќаат сите фази на текстилно призводство.

Шест компании одговорија дека вршат доизработка или производство на краен производ, додека другите шест нудат само делумна доработка како боење, печатење, штепување, ткаење, шиење на копчиња.

Во Македонија се регистрирани околу 400 текстилни компании, и повеќето од нив работат за германскиот, холандскиот и британскиот пазар,“ додава Мартенс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Редакција

Министерството за земјоделство вработува 45 шумски полицајци

Редакција

Во блок трансакција продадени акции од „Макошпед“ за 92.000 евра

Редакција