еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Во согласност со мерките на Владата за спречување на ширење на корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка во периодот до 15.04.2020 година на сите свои клиенти физички лица им овозможува бесплатно извршување на сите трансакции преку електронско и мобилно банкарство, информираат од Банката.

Во овој период клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или комјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилната апликација.

НЛБ мКлик мобилното банкарство може самостојно да се активира со преземање на апликацијата на Google Play и Apple store.

„Со избирање на НЛБ Standard пакетот, клиентите можат директно преку својот мобилен телефон, самостојно да ги реализираат сите банкарски трансакции во денарскиот и девизниот платен промет, да уплатат рата за кредит и картичка, да ги платат сите режиски трошоци, како и да имаат увид на сите сметки и трансакции од кое било место, 24/7“, велат од Банката.

НЛБ Банка апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура.

„Заедно можеме да ги надминеме сите предизвици, доколу одговорно се однесувме и ги почитуваме превентивните мерки. Останете во Вашиот дом, бидејќи домот е место каде се луѓето кои најмногу ни значат. Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk, и на телефонскиот број 02/15-600“, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најголеми должници кон УЈП: „ТЕ-ТО“ со долг од 11 милиони евра убедливо на врвот

Редакција

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе се поднови со три моторни возила

Редакција

Пратениците од власта и опозицијата ги изгласаа законските измени за минимална плата од 14.500 денари

Редакција