еМагазин
Image default
Македонија

Без разлика на возраста до 15 мај сите пријавени ќе добијат термин за вакцинација, најави Филипче

Околу 160.000 граѓани кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а кои се уште не се вакцинирани некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација без разлика на возраста, вели во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за здравство Венко Филипче.

-Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема количина вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот „Синофарм“ и количината од 500 илјади вакцини од производителот „Синовак“ до крајот на мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канала што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај, ќе добијат термин за вакцинација преку СМС-порака или мејл, со точно време и пункт каде треба да се јават, вели Филипче.

Посочува дека се става приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелира граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот „Мој термин“ за да може понатаму да се креираат тие приоритети.

Тој очекува до крајот на летото да се создаде колективен имунитет.

Целото интервју ОВДЕ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Редакција

Процентот на преживеани пациенти со Ковид-19 во „Жан Митрев“ е поголем од националниот просек, велат од Клиниката

Редакција

Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

Редакција