еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на загрозување, констатирано на Советот за безбедност

На 19. седница на Советот за безбедност разговаравме за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион, информираше претседателот Стево Пендаровски.

„Надлежните претставници на институциите информираа за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово.

Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување.

На седницата на Советот за безбедност беше констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност,“ се вели во соопштението од Кабинетот.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две момчиња од Кочани и Виница загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Редакција

Нема активни пожари, 12 изгаснати во изминатото деноноќие

Редакција

За само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани се регистрирале за вакцинација

Редакција