еМагазин
Image default
Техно

Биди астронаут на еден ден и направи селфи од вселената: SpaceSelfie мисијата е најновиот технолошки потфат на компанијата Samsung  

Компанијата Samsung Electronics најави смела, несекојдневна мисија – лансирање на Galaxy S10 5G паметниот телефон во стратосферата на околу 20.000 метри над површината на планетата Земја, овозможувајќи им на корисниците да имаат сопствена фотографија од вселената.

Глумицата, моделот и филантроп Кара Делавињ, како официјално лице на „SpaceSelfie“ мисијата, предводена од Samsung и воздухопловната компанија – Flightline Films, ја најави оваа несекојдневна кампања на својот Instagram профил. Неочекуваниот гостин – Samsung астронаутот на Кара ѝ донесе Galaxy S10 5G, со кој популарната глумица ќе го направи првото „вселенско“ селфи на светот.

– Отсекогаш сум била воодушевена од можноста за патување во вселената и со нетрпение чекам да ја водам оваа мисија и да станам првата личност која ќе го прати своето селфи надвор од планетата Земја. Веќе планирам на кој начин ќе ја направам оваа епохална фотографија и се радувам на фактот да видам како моите фанови ќе одговорат на овој предизвик, рече Делавињ.

– За да ги прославиме сите досегашни достигнувања во светот на технологијата, одлучивме сликањето на селфи да го подигнеме на поголемо ниво. До денес, само астронаутите биле во можност да се фотографираат во вселената, а сега таа можност ќе ја имаат и сите наши корисници, дури и физички ако не се таму, рече Бенџамин Браун, директор на маркетинг за Samsung Europe.

Samsung Galaxy S10 5G е исклучително издржлив телефон, способен да им се спротивстави на најсуровите услови и атмосферскиот притисок кој владее во вселената, без потреба за изолација и дополнителна заштита. Од опцијата за безжично споделување на енергија, па сѐ до паметната Wi-Fi поврзаност и перформансите надградени со вештачка интелигенција, S10 5G е еден од најпаметните и најиздржливи Samsung уреди.

Заинтересираните корисници ќе можат да учествуваат во „SpaceSelfie“ мисијата поставувајќи ја својата фотографија на веб страната: samsung-spaceselfie.com/mk.

Фотографиите кои ќе бидат случајно избрани ќе бидат прикажани на Galaxy S10 5G екранот и ќе бидат фотографирани со уникатниот поглед на планетата Земја во позадина. Фотографијата потоа ќе биде вратена назад на Земјата и подготвена за споделување на социјалните мрежи.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung го доближува Galaxy до повеќе луѓе: Ги претставуваме Galaxy S10 Lite и Note10 Lite

Редакција

Новата бесплатна апликација „Ај на кафе“

Редакција

Уште помоќни Note10 функции на Galaxy S10 серијата

Редакција