еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Бигорски манастир годинава одбележува 1.000 години постоење, 18 октомври можен датум за главната прослава

Во функција на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1.000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот манастир, игуменот на ова древно светлште, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, имале средба со митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

-Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид, нашиот Старец го запозна Митрополитот и побара благослов за предвидените активности, како и помош за подобра организација за што подостојно одбележување на оваа уникатна и мошне значајна годишнина -објави Бигорски на својот веб сајт.

На состанокот била постигната взаемна согласност за претстојните манифестации, а притоа бил договорен и конкретниот датум за главната прослава.

-Како најсоодветно решение беше избран 18 октомври, со тоа што се очекува официјална потврда на овој датум, на следната Синодска седница најавена за 6 февруари, стои во објавата.

Покровител на прославата ќе биде претседателот Стево Пендаровски. Прифаќајќи ја поканата од страна на игуменот Партениј да биде покровител Пендаровски при посетата на Бигорскиот манастир, на 11 минатот месец тој срдечно се заблагодари.

-Благодарам што ми предложивте да бидам покровител на манифестацијата: илјада години Бигорски манастир, бидејќи овој манастир има значење на столб на нашата духовност. Затоа, оваа покана за мене претставува голема чест. Самото времетраење и опстојување покажува дека станува збор за многу длабок корен, кој ние, денешните припадници, не само на православната вера, туку и сите луѓе кои гравитираат од овој простор, мораат да го почитуваат. Ако не ги почитуваме корените, сигурно нема да имаме ни иднина, изјави шефот на државата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Најдоброто од Македонија ја „крчка“ Бушава азбука 2

Редакција

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ продолжува со кампањата „Читаме современи македонски автори“

Редакција

Зошто се празнува 23 Октомври

Редакција