еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Биљана Ангелова избрана за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Професорката на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) – Скопје и проректор за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Биљана Ангелова денеска е избрана за нов ректор на УКИМ, соопшти Универзитетската изборна комисија (УИК).

– Според доставените резултати од страна на изборните комисии од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во составот на при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, за ректор на УКИМ во мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година е избрана проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт, се наведува во Одлуката на УИК.

Втор е Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), следи Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Христина Спасевска од ФЕИТ, Атанас Кочов од Машинскиот факултет и Ратко Дуев од Филозофскиот факултет.

Ангелова ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата.

Фото: Ангелова/УКИМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски за третата доза од вакцината „Фајзер“: „Потребно е повремено поткревање на количеството на антитела“

Редакција

Со испитување на вештакот Зекири продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Владата подарува луксузни возила: „Јагуар“ на општина Тетово, „Ауди А6“ на општина Куманово, „БМВХ5“ на Министерството за одбрана….

Редакција