еМагазин
Image default
Бизнис

Билјана Јовановска назначена за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија Ц.О. Скопје, за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи, се наведува во соопштението од влдината прес-служба.

На седницата е прифатена и оставката на Орхан Рамадани и тој е разрешен од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на негово барање.

Именуван е Фатон Ахмети за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Бесир Деари е именуван за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик на директорот во Државниот завод за индустриска сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борче Хаџиев нов директор на Бирото за јавни набавки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на вредноста на јавните набавки на општините за една третина, во Скопје дури за 68%

Редакција

Продолжува падот на каматните стапки на кредитите

Редакција

Хит-видео: Од Германија се вратил да работи во Македонија, шивач му се заблагодари на премиерот што ќе зема 18.000 денари плата

Редакција