еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Битката со Ковид-19 ја загуби музичарот Васил Ангов

Од Ковид-19 почина гевгелискиот музичар Васил Ангов. Неговиот син Андон, синоќа на Фејсбук ја објави веста за смртта на неговиот татко.

„Почивај во мир Тато…. Короната нѝ те зема предвреме“, напиша Андон.

Васил Ангов се проби на македонската музчка сцена откако во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа „Премногу ти верував“.

Тој зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“…

Гевгеличани со неверување ја примија веста за нивниот сограѓанин и се простуваат од него на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/Васил Ангов Лајв акустик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како правилно се става и вади маската за заштита која граѓаните задолжително ќе треба да ја носат

Редакција

(ВИДЕО) Доктор Даниловски: Крајот на пандемијата ќе дојде со пролетта, но секоја година ќе има сезона на корона

Редакција

Avocado Co-wash спреј за тело од Лаш

Редакција