еМагазин
Image default
Македонија

Бизнисменот и пратеник на СДСМ, Лазе Таневски позитивен на Ковид-19

Пратеникот на СДСМ и бизнисмен, Лазе Таневски е позитивен на Ковид-19, соопшти тој на Фејсбук.

„Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на Ковид-19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.

Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.

Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.

Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.

Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.

Се гледаме наскоро“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со сопругата имаат 4 стана: Каков имот пријавил пратеникот Лазе Таневски

Пратеникот на ДУИ и основач на „Пуцко петрол“, Исмаил Јахоски позитивен на Ковид-19

Фото: Фејсбук/Таневски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтешко ми е што сум разделена од синот, вели Јанкулоска во интервју за „360 степени“

Редакција

Повеќе жени, 12 со претходни заболувања, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Редакција

Што ќе се случи ако нема цензус: За избор на претседател треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

Редакција