еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Востанието против фашизмот во Македонија на 11 октомври го започнале 16 партизани

Македонија денеска го слави големиот празник „11 Октомври“, ден на востанието на Македонија или ден на народното востание на македонскиот народ.

За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година.

Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи.

Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.

Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Во акцијата на првата група бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп. Потоа, Аспарух Јосифовски фрлил бомба врз стражарницата. Меѓутоа, надвор се нашол уште еден војник и отворил оган врз групата и со тоа овозможил стражарите да се извлечат. Потоа настанала вооружена престрелка, а групата успеала да се извлече по речното корито. Помеѓу партизаните немало загинати.

Втората група нападот го започнала точно во 22 часот. Во предвиденото време незабележана групата се доближила до затворот и во моментот кога ја слушнала престрелката пред полициската станица по фрлената бомба јуришала на затворот. Од затворот било возвратено со оган. Откако било констатирано дека не може да се влезе во затворот за да се ослободат затворениците биле фрлени бомби со што било овозможено без губитоци групата да се повлече по тесните улици.

Третата група со спојување на телефрафските и електричните жици успешно го прекинува телефонскиот сообраќај за да не може воениот гарнизон во Прилеп да биде информиран за нападот.

По изведените акции сите три групи се повлекуваат без губитоци на зборното место наречено Средоточна вода во текот на ноќта додека во градот сѐ уште се слушаат истрели од огнено оружје.

Според оптужницата на воениот суд против учесниците на нападот на полициската станица групата се обучувала во близина на Марковите Кули. Напаѓачите располагале со околу дваесет пушки со неколку бомби, со 300-400 куршуми, со леб и со други намирници.

Во оптужницата се вели дека во текот на нападот со три куршуми бил убиен стражарот Петар Дамев Колев во текот на извршување на стражарската должност. Стражарот Стојан Иванов Георгиев бил ранет во левата нога и во градниот кош пред полициската станица. Како резултат на отпорот кој бил даден, се вели во оптужницата, напѓачите фрлиле рачна бомба која експлодирала, но не повредила никого.

Користени материјали од Википедија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хари Локвенец нов в.д. директор на Железници-инфраструктура

Редакција

Азилантот Груевски доби 30-дневен притвор и за „Титаник“ на СЈО

Редакција

Сопственикот на „Луј Витон“, Бернард Арно стана најбогат човек на светот, Илон Маск симнат од тронот

Редакција