еМагазин
Македонија

„Блиц“: Двајца македонски државјани меѓу загинатите во верижен судар во Србија

Двајца македонски државјани се меѓу загинатите во верижниот судар што се случи денеска на автопатот Белград – Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“.

Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет пет српски државјани.

Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА изјавија дека од македонската амбасада во Белград засега немаат никаква официјална потврда од српското МВР за загинати македонски државјани.

Во сообраќајната несреќа, според информациите со кои располага српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 45 лица од Ковид-19, вкупно 3.905

Редакција

Казнети 527 граѓани за неносење маска

Редакција

ДУИ ќе има пет заменици министри и пет државни секретари

Редакција