еМагазин
Image default
Бизнис

Блок 1 на РЕК Битола нема да работи наредните два дена

ЕСМ информира дека од денес попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Македонија.

„Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката.

Потсетуваме уште еднаш дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК Битола нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите.

Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола.

АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучливо од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови,“ велат од компанијата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Здравев си поднесе оставка од Одборот на директори на „Европа“

Редакција

Трговскиот центар Скопје Ист гејт во последна градежна фаза

Редакција

Сектори со најниски просечни нето-плати во август

Редакција