еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Следната година стартува со работа Блумберг Адрија, првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа

Блумберг Медија (Bloomberg Media) и МТел Свис (MTel Swiss) – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија, денеска го објавија договорот за создавање на првата регионална мулти-платформска мрежа за деловни информации во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Почнувајќи од 2022 година, Блумберг Адрија на растечката заедница на носители на деловни одлуки и идни лидери во регионот ќе ѝ понуди деловни и финансиски вести, анализи и податоци преку телевизија, печат, дигитални канали, мобилни и социјални мрежи, информираат од таму.

За да создаде дестинација за вести, Блумберг Адрија ќе се потпира на 2.700 новинари и аналитичари на Bloomberg News во 120 земји, комбинирајќи го локалното известување со широкото покривање на светските пазари и економијата. Таа ќе вклучува преведена содржина од Bloomberg News, како и оригинално известување од наменски уреднички центри во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и Скопје.

„Ние во Блумберг Медија ја градиме водечката глобална медиумска компанија за деловни и финансиски содржини на повеќе платформи, обезбедувајќи проверени содржини базирани на податоци.Блумберг Адрија го проширува нашето глобално присуство кај нова публика во Југоисточна Европа, која бара премиум глобални деловни вести, кои ќе ѝ овозможат да биде добро информирана,“ рече Со Канг, глобален директор за медиумска дистрибуција во Блумберг.

Владимир Лучиќ, главен извршен директор на Телеком Србија рече дека во деловниот свет кој се менува со невидена брзина, достапноста на релевантни и точни информации и независна експертска анализа е клучна за носење добри деловни одлуки.

„Блумберг одамна е синоним за сигурни деловни информации. Среќни сме што соработуваме со Блумберг медија и што, преку Блумберг Адрија, ќе донесеме точни и релевантни деловни вести во Северна Македонија и на регионалниот пазар,“ додаде Лучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Писмо од наставничка која девет години поминувала по 236 километри до работно место и деновиве добила отказ

Редакција

Детален преглед: Топ десет најтргувани акции на Македонската берза во октомври

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на МОН за сукцесивна набавка на гориво вреден 95.000 евра

Редакција