еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Првпат после 10 години, повторно расте бројот на смртни случаи од туберкулоза поради Ковид-19

Бројот на смртни случаи од туберкулоза повторно почна да расте, првпат по десет години, најмногу затоа што пандемијата на Ковид-19 го наруши пристапот до здравствени услуги, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

– Ова е алармантна вест што треба да послужи како знак за тревога во светот за итна потреба од инвестиции и иновации за да се пополнат празнините во дијагнозата, третманот и грижата за милиони луѓе погодени од оваа болест, која е стара, но може да се избегне и излекува, нагласува генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во соопштение.

Главната причина е затоа што помалку луѓе се тестирани и лекувани, бидејќи ресурсите се пренасочени за борба против пандемијата на коронавирусот, истакна СЗО во својот годишен извештај за туберкулоза, а се однесува на 2020 година.

Ова е далеку од подобрување, бидејќи се повеќе луѓе не знаат дека ја имаат болеста, која е излечива.

СЗО проценува дека околу 4,1 милиони луѓе имаат туберкулоза, но дека таа не е дијагностицирана или официјално потврдена, што е значителен скок во споредба со 2,9 милиони во 2019 година.

Според извештајот, 214.000 луѓе починале од туберкулоза кај серопозитивни лица минатата година (во споредба со 209.000 во 2019 година), а 1,3 милиони починале од туберкулоза меѓу други лица (во споредба со 1,2 милиони во 2019 година). Тоа е вкупно околу 1,5 милиони смртни случаи, што го враќа светот во 2017 година, наведе СЗО.

Пандемијата на Ковид-19 поништи години глобален напредок во борбата против туберкулозата, болест предизвикана од туберкулозен бацил, која најчесто ги зафаќа белите дробови.

Покрај карантините што го компликуваа пристапот на пациентите до центрите за нега, пандемијата има бројни влијанија и врз основните услуги за борба против туберкулоза, бидејќи ковидот ги презема медицинскиот персонал и финансиските и техничките ресурси.

На пример, бројот на луѓе дијагностицирани со туберкулоза се намали на 5,8 милиони во 2020 година, во споредба со 7,1 милиони во 2019 година.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина ја затвора една од дветте главни точки за транзит на руски гас кон Европа

Редакција

Владата донесе одлука за основање на државен студентски дом во Тетово

Редакција

Периодот на суво и многу студено време продолжува

Редакција