еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Периодот на суво и многу студено време продолжува

Денеска утрово ќе биде студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.

Од УХМР посочуваат дека во наредните денови следува период на стабилно и постудено време со ниски утрински температури.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Комунална хигиена Скопје склучи договор со Пуцко петрол вреден 2,1 милиони евра

Редакција

„Имаше детонации од боци, ми пукна под колено“: Сведоштво на пожарникар кој беше повреден при гаснење на пожарот во Тетово

Редакција

Јавниот долг во првиот квартал 54,9% од БДП

Редакција