еМагазин
Image default
Свет

Блумберг: Основачот на „Зум“ заработи 4,2 милијарди долари за неколку часа

Ерик Јуан, основач на американската компанија „Зум видео комуникејшнс“ за само неколку часа стана побогат за 4,2 милијарди долари, објави Блумберг.

На берзата вчера, акциите на „Зум“, која нуди главно услуги поврзани со видеоврски и видеоконференции, за неколку часа пораснаа за околу 26 отсто, на скоро 410 долари. Според познавачите, ако овој тренд продолжи уште еден ден, богатството на Јуан ќе надмине 20 милијарди долари.

Акциите на компанијата нагло пораснаа по објавувањето на позитивните извештаи на компанијата.

Јуан е извршен директор, претседател на Бордот на директори и сопственик на „Зум“.

Популарноста на апликацијата „Зум“ значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, кога многу луѓе ги почувствуваа потребите од интернет-комуникацијата.

Инаку, и голем дел од учениците и средношколците во Македонија, ја користеа оваа апликација за онлјан учење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медицинска сестра во Русија стана онлајн сензација: По гакички во проѕирен скафандер на работа

Редакција

Црвени прсти на нозете – нов симптом на коронавирусот

Редакција

СЗО ги повика сите земји да гo засилат тестирањето за корона вирусот

Редакција