еМагазин
Image default
Македонија

Македонските адвокати, може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс

Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, објави на својот фејсбук профил министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Посочува дека досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија.

-По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит.

Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс. Благодарност до Александар Ивановски, Ирина Тричковска и Адвокатската комора на Северна Македонија, напиша тој на Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центарот за јавно здравје од Велес со нов в.д. директор, Весна Николовска Неделкова

Редакција

(Видео) РЕК Битола за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе од лани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Ако бидат откажани дел од нарачките следни за нарачка ќе бидат вакцините „Спутник“, порача Заев

Редакција