еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

БНР: Францускиот предлог за Македонија ќе биде испратен до бугарската Влада до крајот на денот

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоранс Робин денеска имаше средба со пратеници од Групата за пријателство со Франција во бугарскиот Парламент.

На средбата која не беше официјално најавена, учествуваа и претставници на опозицијата, јави дописникот на МИА од Софија.

Како што пренесе Бугарското национално радио, се очекува во текот на денов и официјално да биде испратен до бугарската Влада францускиот предлог за отстранување на ветото наметнато од Бугарија на преговорите за членство на С.Македонија во ЕУ.

Францускиот предлог, кој ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, според објавените неофицијални информации, предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворот Идризово има долг од милион евра, кој продолжува да расте

Редакција

„Го видов на телевизија, згодно момче,“ изјави Бајден за уапсениот Трамп

Редакција

Општина Штип вработува советник за возен парк со завршено образование-рударство

Редакција