еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Го видов на телевизија, згодно момче,“ изјави Бајден за уапсениот Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден се насмеа кога новинарите го прашаа да ја искоментира фотографијата на неговиот претходник Доналд Трамп направена за време на неговото апсење во државата Џорџија, велејќи дека Трамп е „убав дечко“.

Бајден, кој се одмора во езерото Тахо, се насмеа кога новинарот го праша дали ја видел сликата уште, пренесува Еј-би-си Њуз.

-Го видов тоа на телевизија, одговори американскиот претседател.

На прашањето што мисли за неа, Бајден одговори: „Згодно момче. Прекрасно момче“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во затвор во Џорџија, каде што беше приведен и внесен во полициски досиеја под обвинение дека планирал да ја „прекрои“ волјата на гласачите во таа сојузна држава на претседателските избори во 2020 година, на кои тој загуби од актуелниот претседател Џо Бајден.

Трамп, кој е заведен како затвореник под број P01135809, беше ослободен со кауција по 20 минути минати во затвор, а во текот на постапката влезе во историјата како првиот поранешен претседател на САД кој се појавил на полициска фотографија.

Трамп, по излегувањето од затворот, изјави: „тоа е страшно искуство, ова е земја од третиот свет“.

Властите во Џорџија објавија фотографија од Трамп, без насмевка на лицето, како гледа во камерата, со избраздено чело и стегната вилица.

Трамп потоа самиот ја објави фотографијата на својот профил на платформата Х (Твитер), како и на својата социјална мрежа „Вистина“ (Truth Social), но со ова аобвјава тој додаде и линк до неговата веб-страницата за претседателската кампања со повик за донации, тврдејќи дека е „уапсен иако не извршил никакво кривично дело“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Трамп помина неколку минути во затвор и излезе со кауција од 200 илјади долари

МИА/Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на РЕК Битола бара извинување од Антовски од ВМРО-ДПМНЕ: Ако има индиции за незаконска работење доказите нека ги даде на институциите

Редакција

Ќе простат ли граѓаните евентуална амнестија за Мијалков, Груевски и останатите?

Редакција

Проф. Трајковски: Бранот е започнат, а реинфекцијата со Ковид-19 кумулативно додава ризици за хоспитализација и морталитет, покажуваат најновите истражувања

Редакција