еМагазин
Image default
Македонија

Злоупотребен профилот на кавадарчанка, некој лажно објавил дека двете ќерки и умреле од Ковид-19

Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две млади девојки од Ковид-19.

Ова за МИА го потврдија од Министерството за здравство.

Попладнево беше злоупотребен интернет профилот на кавадарчанка, при што во нејзино име беше објавена лажна вест, дека и починале двете ќерки од коронавирусот. Беше ставена дури и фотографија, а во лажниот пост стоеше дека никој не сакал да ги прими во болница.

Во моментов пријава за случајот во кавадаречката полиција поднесуваат и двајцата сопружници, чии ќерки беа прогласени за мртви на интернет, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

Бугарија не дала дозвола, авионот на Лавров стигнал во Скопје преку Грција и Турција

Редакција

Италијанскиот Сенат го ратификуваше Проколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција