еМагазин
Image default
Македонија

„Бомбата“ за градоначалникот Курто Дудуш стигна во Обвинителство

Основното јавно обвинителство Скопје денеска добило писмено известување од Секторот за внатрешни работи – Скопје кое се однесува на објавата на аудио снимка на порталот „Лидер“, како и статија со наслов „АУДИО БОМБА: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“.

„Веднаш по приемот на писменото известување надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал.

Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали, соопшти Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека истовремено до  мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.

-Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издаде наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци околу неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности, се наведува во соопштението.

По преземање на сите овие дејствија, доколку притоа бидат обезбедени релевантни докази за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела“, велат од Јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој е во фокусот на јавноста по објавената снимка

Градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, вели дека снимката била монтирана

Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, тепа човек во општината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја повикувам ЕУ да стави крај на фашизоидни и хегемониски намери на официјална Софија, повика Мицкоски

Редакција

Заев: Нема докази дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Редакција

(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти

Редакција