еМагазин
Image default
Локално

Браќа правејќи скара запалиле осум хектари зеленило

На 17.03.2019 во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума, информира МВР.

По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал да се шири. Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“. Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телото на удавениот 42-годишен штипјанец пронајдено во Дојранско Езеро

Редакција

Опожарен дел од клубот „Станица 26“

Редакција

Тешко повреден пешак во Скопје по удар од „Опел Астра“

Редакција