еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Брако испорача 15 возила „Грин Машинс“ во странство за само една недела

Во само една недела, Брако испорача рекордни 15 возила за одржување на хигиена во урбани средини од линијата „Грин Машинс“, во четири земји на три различни континенти, информираат од компанијата.

Шест возила заминаа во САД, четири возила во Турција и Саудиска Арабија, додека едно возило е доставено на клиент во Франција.

Три од возилата во оваа пратка се од најпродаваните електрични камиончиња GM500ze, додека најпродаваниот светски модел со рачно управување од серијата GM400 e застапен со дури 12 парчиња.

Во моментот, во производството се реализираат порачки за клиенти од Грција, Хрватска, Обединетото Кралство и Австралија, а викендов се одржува и саем за комунални претријатија во Албена во Бугарија, кој од компанијата го оценуваат како одлична шанса за презентација на возилата „Грин Машинс“ и за опремување на комуналните претпријатија на општините во Бугарија со возила од Брако, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: За нас, како мала земја, принципите се егзистенцијално важни-oсобено по говорот на Путин, кога ја нарече Украина вештачка творба на Ленин

Редакција

Нови 1.295 случаи на Ковид-19 од 3.315 тестирања

Редакција

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари

Редакција