еМагазин
Image default
Бизнис

Брако од понеделник на саемот за жичани производи во Диселдорф

Во понеделник „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ во Диселдорф, Германија, информираат од компанијата.

Очекувањата се дека презентацијата на „Брако“ на престижниот саем во Диселдорф ќе придонесе во реализирањето на целта за производство на 3.000 тона месечно, жичани производи во следните четири години.

„Наша цел, како изложувачи на ’Wire Dusseldorf’ е да ја презентираме широката палета на жичани производи по која сме препознатливи во регионот, со посебен акцент на производствената програма на најновите еколошки постројки за производство на поцинкувана жица, со кои сме многу горди и сме први во Европа,“ вели директорот на жичано производство во „Брако“, Љупчо Прентоски.

Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, опружна жица, поцинкувана жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.

На саемот кој што годинава се одржува од 20 до 24 мај под слоганот „Join the best“ во Messe Dusseldorf свое присуство имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор од над 57 илјади метри квадратни ќе ги презентираат своите производи и иновативни машини за производство на жици и кабли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва инвестиција со посредство на Zephyr Angels во Vendor во Стартап Клуб Скопје

Редакција

Поради ковид-состојбата, Бугарите забранија влез за граѓаните од Македонија од 19 јануари

Редакција

Кои се најголемите должници на Листата на должници на УЈП во јули

Редакција