еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради ковид-состојбата, Бугарите забранија влез за граѓаните од Македонија од 19 јануари

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Македонија, почнувајќи од 19-ти јануари, информираат од македонското Министерство за надворешни работи (МНР).

Според одлуката, се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично).

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти МНР, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

-До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, наведува МНР.

Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети – и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.

-Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од задутре 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија, нагласува МНР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Прв пат во Македонија: Со виртуелен шоуром претставена модната колекција на „Лудус“

Редакција

Каков имот пријавиле судиите Дрита Мехмети и Јане Тапанџиевски кои се пензионираа

Редакција

Под истрага фирма која ја чисти Владата и министерства

Редакција