еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Брако“ продолжува со инвестиции: Завршена обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, производството започнува наскоро

Повеќедневната практична обука на инженерско – техничкиот тим на „Брако“ му овозможи запознавање и стекнување на потребните знаења и вештини за сите можности што ги нуди најсовремениот глодачки ЦНЦ центар од палетата на „Хартфорд“, информираат од компанијата.

Станува збор за една од најновите инвестиции во машинскиот парк на „Брако“ во Велес, во вредност од половина милион евра.

Со купувањето на оваа машина, спроведената обука на операторите и скорото пуштање во употреба, „Брако“ уште еднаш ја потврдува својата тенденција за модернизација и забрзано технолошко развивање на компанијата, како еден од начините да се зголеми продуктивноста и да се биде поконкурентен на регионалниот и европскиот пазар.

Оваа ЦНЦ машина потполно ќе одговори и на најспецифичните барања од страна на клиентите.

„Машината е конструирана за изработка на повеќе различни операции и има можности за машинирање на големи метални конструкции со димензии до 6.000 мм и тежина до 18.000 килограми.

Преку обуката и мерните проби се докажа точноста и можностите со кој располага овој машински центар за извршување на најразлични операции како глодање, бушење, режење навој, фино развртување и контрола на машинските позиции со специјален уред Reni Shaw.

Машинскиот центар има точности во микрони и со тоа има можност да изработува делови со големи толеранции и точности,“ вели машинскиот инженер Славчо Митревски, одговорен на одделот за машинска обработка во „Брако“.

„Ентузијазмот и високата мотивација на младите инженери во ’Брако’ направија обуката да заврши во рекордно време. Наскоро започнуваме со сериско производство на машинирани метални конструкции, со оглед на тоа што веќе имаме склучено договори со повеќе клиенти.

„Брако“ е компанија која и понатаму ќе продолжи да инвестира во современа машинска технологија,“ вели Перо Колев, технички директор на Секторот за тешки метални конструкции.

Инсталацијата и обуката беа спроведени од стручни лица од турска и бугарска компанија, чие реноме е изградено со професионалната работа поврзана со продажба и монтажа на премиум ЦНЦ машини.

Велешки „Брако“ постои од 1947 година, а најголемата експанзија ја доживува последните 20 години. Во овој период, со континуирани инвестиции во најсовремена технологија „Брако“ создава квалитет во сите свои производствени програми кои се однесуваат на производство на возила за одржување на хигиена во урбани средини, производство на опрема за хидроелектрани и други видови енергетски капацитети, производството на жичани производи и медицински помагала, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонка од центарот на Ломбардија: Ќе останат ли нашите без работа по кризата со корона вирусот во Италија

Редакција

A1 Македонија заедно со Триглав Осигурување: Со A1 Combo за прв пат и осигурување на домот

Редакција

Орден „8 Септември“ за првиот претседател на Собранието, Андов и пратеници во мандатниот период од 1990 – 1994 година

Редакција